Ви треба ли помош заради насилство во семејството или сексуално злоставување?
Во итни ситуации кога ви треба итна помош во моментот јавете се на 000.
Секој кој е жртва на насилство во семејството може да се јави на 24-часовната доверлива линија за помош на 1800 200 526. На оваа линија ќе можете доверливо да дискутирате со искусен советник.
Ако не зборувате добро англиски и сакате да разговарате со советник, јавете се на преведувачката телефонска служба на 13 14 50 и побарајте да се јават на линијата за помош.